Српската премиерка Ана Брнабиќ официјално, со одлука на Владата, ја доби на користење вилата во Белград каде што со децении живееше вдовицата на Тито, Јованка Броз, која почина пред седум години. Одлуката е објавена во Службен весник и е потпишана лично од Ана Брнабиќ.
Вилата на Јованка првпат по речиси шест децении беше реновирана во изминатите месеци, а медиумите претходно пишуваа дека нејзиното обновување се платени околу 350.000 евра. Претходно, од Републичката управа за имот најавуваа дека за целосна реконструкција на објектот се потребни околу 2,5 милиони евра.