Брат ја натепал сестра си поради нерасчистени имотно–правни односи – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 3:24 PM

Брат ја натепал сестра си поради нерасчистени имотно–правни односи

Поради нерасчистени имотно-правни односи, жител на светиниколско село, прво вербално а потоа и физички ја нападнал сестра си.Таа инцидентот го пријавила во Полиција.

„На 28 октомври во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека  околу 16.30 часот во светиниколско село, З.Н.(43) по вербална расправија околу имотно-правни односи, физички ја нападнал неговата 48-годишна сестра,“информираат од Полицијата.

По комплетирање на случајот, против З.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.