Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави протест против загадениот воздух. Ќе се протестира во Скопје, Тетово, Битола, Струмица и Куманово, од 19 часот.
Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос на најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложен на опасност, се наведува во вчерашното соопштение од партијата.
Денеска пак преку друго соопштение, ги повикаа СДСМ да преземат одговорност за ситуацијата и да „престанат со лажните изговори“ бидејќи министерот Филипче „не мрднал со прст“.
– Ако толку бил важен заемот за КОВИД болниците тогаш нека крадат помалку и наместо картички за поткуп можеа да ги пренаменат парите за болници, или пак министерката за еднократна употреба Нина Ангеловска, која пропадна банка можеше да им го потпише кредитот.Но СДСМ наоѓа само изговори. Реалноста е дека не знаат и не им се работи.СДСМ и Венко Филипче се виновници за здравствениот хаос и економската катастрофа која ни се случува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.