Резервниот голман на Тотенхем и поранешниот број еден чувар на мрежата на Манчестер Сити и „Гордиот Албион“, Џо Харт, импресиониран е од капитенот на екипата од северен Лондон, Хари Кејн.
Тој бил свесен за неговите квалитети уште од 2015 година кога за првпат напаѓачот бил повикан за англиската сениорска фудбалска репрезентација, но сега откако се соиграчи Харт станал свесен за неговата големина и неговите врвни квалитети.
-Тој ја има таа способност. Не можам навистина да најдам една грешка кај Хари. Апсолутно е брилијантен. Секој пас, секој шут, секоја одлука. Тимски играч кој не мора вокално да се истакнува за да ја покаже својата лидерска улога на теренот. Ние гледаме сите колку е несебичен. Специјален играч и многу сум среќен што сум во иста екипа со него, изјави Џо Харт.
Хари Кејн сезонава во шест кола во Премиер Лигата учествувал во дури 13 погодоци. Со осум асистенции е прв додавач во лигата и е на добар пат да го сруши рекордот на Кевин Де Брујн и Тиери Анри, кои имаат по 20 асистенции во една сезона.