По машкиот тим на Металург од вчера во изолација е и женскиот тим, бидејќи две ракометарки и двајца од тренерите се позитивни на коронавирус.
– Последните тестирања потврдија присуство на коронавирус кај две ракометарки и кај двајца од нашиот стручен штаб. За жал, тоа веројатно не е и последната бројка на заболени, бидејќи тестирања се прават и денеска, известуваат од ЖРК Металург.
Од клубот ја информираат јавноста дека комплетниот тим и стручниот штаб ќе се повлечат во двонеделен карантин.
Претходно во изолација отидоа и екипите на битолски Пелистер и Деспина од Прилеп.