Белградски Партизан новата сезона ја започна бурно. По заминувањето на италијанскиот стратег Андреа Тринкиери во Баерн Минхен, улогата на главен тренер на црно-белите ја презеде дотогашниот асистент на Италијанецот и играчка легенда на Партизан, Влада Шчепановиќ.
Партизан под негово водство не може да фати ритам и континуитет, особено во Еврокупот, откако и вчера загуби од француски Бурж 76:89. Поразот страшно го налути Шчепановиќ кој ја презеде одговорноста за лошата игра, но и жестоко „удри“ по своите кошаркари. Тој изјави дека клубот се сака на терен и на тој начин се покажува љубовта, а не на социјални мрежи и со удирање во гради.
-Нема многу што да се каже. Честитки до противникот, заслужија повеќе да победат. Нема објаснување за ваков натпревар. Многу работи сега ми се појасни. Драго ми е што овој меч покажа дека не може лежерно и потценувачки да се влегува во натпревар. Може единствено доколку се остави срцето на терен. Тоа моите играчи вечерва не го направија. Не надиграа во, ни одржаа лекција како се сака клуб. На терен се сака клуб, а не во изјави, пред навивачи, на „Инстаграм“, со удирање во гради, изјави тренерот на Партизан.