Петтото коло од Еврокупот на гледачите им го донесе црногорското кошаркарско дерби помеѓу Морнар од Бар и Будуќност од Подгорица и воопшто не разочара.
После продолженијата Морнар успеа да го победи лутиот ривал 85:82, во натпревар каде што Џејкоб Пулен беше играчот број еден со постигнати 23 поени, пет повеќе од неговиот соиграч Вајтхед.
Тренерот на екипата од Бар, Михајло Павичевиќ, непосредно по завршувањето на мечот даде емотивна изјава и победата му ја посвети на сопственикот на Морнар кој се наоѓа во болница поради коронавирус.
-Победивме. Би сакал да им честитам на нашите играчи. Оваа победа е за нашиот сопственик кој е во болница. Ова е победа за нашиот тим-менаџер кој е во болница. Ова е победа за сите наши играчи кои се повредени и не беа со нас, изјави низ солзи Павичевиќ.
Mornar Bar coach Mihailo Pavicevic in tears after the EuroCup win over Buducnost
“This win is for our owner who is in hospital, this win is for our team manager who is in hospital…” pic.twitter.com/gsq5mhui3t
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) October 28, 2020