Носење маска под носот: Исто како да не ја носиш – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 10:38 AM

Носење маска под носот: Исто како да не ја носиш

Сите знаеме дека носењето маска го спречува ширењето на коронавирусот, меѓутоа главната поента што треба да се знае е дека маската треба да се носи правилно за да функционира и да заштитува.

Маската не не заштитува доколку постојано ја вадиме, ако одиме наоколу носејќи ја под брадата, на раката или пак закачена да виси на ушето. Слично на ова, експертите велат дека и доколку маската се носи под носот, тоа е речиси исто како да не се носи.

Со оглед на тоа што коронавирусот веќе одредено време е со нас, луѓето се почесто ги занемаруваат важните мерки и се почесто ги носат заштитните маски на погрешен начин.

Колин Фурнс, епидемиолог од Универзитетот во Торонто, за „Глобал њуз“ вели дека погрешниот начин на носењето на маската може да биде ризик и за здравјето на тој што ја носи, но и за останатите.

Епидемилогот вели дека доколку носот не е прекриен со маската, тогаш нема разлика дали воопшто се носи или не.

Маските имаат цел да го спречат ширењето на вирусот. Кога маската се носи правилно покривајќи ги носот и устата, ефективно го намалува нивото на заразни честички (аеросоли) кои заразената личност ги испушта во воздухот. За личноста што не е инфицирана пак, маската го намалува количеството на вирус што го вдишува.

Колку помала количина на вирус се внесува во телото – толку е помала шансата за заразување.