За летово најавена поголема реконструкција на Средното медицинско училиште во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/18 12:24 PM

За летово најавена поголема реконструкција на Средното медицинско училиште во Гостивар

Учениците од Средното медицинско училиште  во Гостивар наесен ќе добијат подобри услови за следење на настава. Летово ќе се реализираат повеќе инфраструктурни зафати а ќе се обезбедат и наставни помагала.

За реконструкција на дел од Училиштето и за обезбедување на наставни помагала ќе бидат вложени 35 илјади евра. Предвидено е комплетирање на просторијата на предниот дел од училиштето, отворање на кабинет и реконструкција на стариот дел од училишната зграда

За кабинетот ќе бидат издвоени 10 000 евра, иста сума ќе се издвои и за набавка на наставни помагала, а 15 000 евра ќе бидат вложени за реконструкција на стариот дел од училишната зграда.