Времето денес во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во утринските часови ќе има услови за магла по одделни котлини.
На југот на земјата највисоката дневна температура ќе изнесува 24 целзиусови степени.
Утре и во сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.


