Го лажела сопругот дека е бремена, па му покажувала фотографии од бебе од интернет: Драма во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 12:26 AM

Го лажела сопругот дека е бремена, па му покажувала фотографии од бебе од интернет: Драма во Србија

Четириесет и тригодишната Снежана Ј. од Лесковац го убедила својот невенчан сопруг дека е бремена, а потоа ја излажирала и смртта на бебето. Поради тоа, таа од интернет симнувала фотографии кои потоа му ги праќала на партнерот, а со нив наведувала и некои детали, како висина и тежина.

Бизарен случај на измама е забележан во јужниот дел на Србија, откако четириесет и деветгодишниот Јован Атанасковиќ си ја отворил душата и се пожалил дека неговата невенчана сопруга која ја запознал во 2018 година на Фејсбук, го продала бебето откако се породила.

„Би требало да има останато бремена во ноември 2019 година, затоа што ми кажа дека терминот за породување и’ е крајот на јули. Цело време бев покрај неа, и’ го галев стомакот кој растеше и на 16. јули отидовме за Лесковац, бидејќи ми рече дека таму во приватна болница ја следи бременоста.  Тоа е куќата на нејзиниот покоен сопруг, во која живее еден од нејзините два сина, и јас никогаш не влегов, но кога и да одеше, ја оставав покрај портата. Се слушавме секој ден и на 20 јули ми рече дека се породила, дека имаме девојче со тежина од 3.400 грама и должина од 58 сантиметри“, вели Јован, кој сè уште не верува што му се случило.

Сакајќи да го убеди во бизарната лага дека се породила, Снежана му пишувала пораки за нивната ќерка, па дури и му праќала фотографии од други бебиња.

Атанасковиќ на медиумите им го покажал допишувањето, но и фотографиите од бебето со опис: „Спие сега“. На тоа, Јован одговара дека е слатка, а таа нему: „Малечко“. Потоа следи и допишување во врска со името на детето.

Во друга преписка пак, Снежана станува уште побизарна па влегува во детали за здравствената состојба на детето. На прашањето како е, таа одговара со: „Јас не сум добро, имам температура. Сега ќе дојде мојата докторка да види што се случува. Изгубив сила“. Потоа, неколку часа подоцна, преписката продолжува со прашањето: „Како си, дали ти се намали температурата, дали дојде докторката“, на што Снежана одговара: „Да, докторката ми даде некој прашок. Овде не, ни правеа тест за корона и резултатите требаше да стигнат за 45 минути до еден час, но се уште не се готови“.

Фотографијата која Снежана му пратила не само на Јован, туку ја пратила и на една своја соседка, е симната од интернет, а тој таа фотографија му ја покажал и на матичарот во Лесковац, кој врз основа на бројот на нараквицата на бебето 254, се посомневал дека фотографијата е лажна бидејќи на крајот на јули во лесковачкото породилиште веќе биле родени повеќе од 800 бебиња.

Несреќниот Атанасковиќ верувајќи дека станал татко два дена славел со кумот, а кога жената му кажала дека бебето починало бил скршен.

„Таа плачеше, па јас ја тешев и на крај ја донесов дома. Имаше крварење“, продолжува Јован.

И можеби се’ би поминало така, доколку неговите роднини не го наговориле да отиде во матичната служба во Лесковац каде дознал дека таа воопшто не се породила.

„Тогаш се’ уште тврдеше дека бебето починало, а потоа кога и кажав дека ќе ја пријавам во полиција ми кажа дека никогаш и не била бремена. Дури тогаш се шокирав бидејќи живеев со неа и веројатно знам што е бремена жена. Пред наводното породување воопшто не можеше да се наведне, јас и помагав да ги обуе чевлите“, дециден е Јован.

Снежана: Лажев од љубов кон сопругот

Неколку дена откако Јован ја раскажа неговата страна од приказната, прилика за ова во медиумите доби и Снежана. Таа раскажа дека чувствува вина бидејќи со своите лаги направила големи проблеми, но смета дека тоа го направила од љубов.

„Многу сакаше да добиеме дете. Сега ме тера да признаам дека нашето дете сум го дала на мојот брат кој нема деца или дека сум го продала. Моите обиди да го уверам во тоа дека немало породување воопшто, се безуспешни, па сето тоа стигна до полицијата и обвинителството“, објаснува жената.

Таа посочува дека имала гинеколошки проблеми поради кои физички и’ растел стомакот. Бидејќи четири месеци немала менструален циклус помислила дека е бремена. Меѓутоа, тогаш сфатил дека не е бремена, а вистината ја сокрила од сопругот.

Тврди дека нема продадено никаква бебе, но и дека има лекарска документација бидејќи во тој период одела на лекар поради други проблеми.

Закажано е сослушување во обвинителство

Вишото обвинителство во Лесковац соопшти дека по пријавата од 19 август, тие презеле неколку доказни дејствија во претикривичната постапка со цел да ја потврдат основаноста на наводите на Јован Атанасковиќ и дека по испрашувањето на неговиот и Снежана Ј, што е веќе закажано, тие ќе донесат одлука.

 

Извор:  espreso.rs