Намирници на кои местото не им е во здравата салата – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 11:19 PM

Намирници на кои местото не им е во здравата салата

Салатата вообичаено се јаде како додаток на главното јадење, а поретко како посебен оброк. Таа е синоним за здрава храна, но ако нешто се наоѓа во салата, не значи дека се работи за нешто  здраво и хранливо. Понекогаш салатата содржи повеќе калории од просечниот ручек. Во продолжение може да прочитате кои се оние додатоци што може да се најдат во салатата и кои содржат голема количина калории, а при тоа не се здрави.

Преливите за салати содржат голема количина калории – Во просек, една лажица прелив за салата содржи 73 калории и затоа треба овој тип производ да го избегнувате.

Сирење – неколку парчиња сирење во салатата не се ништо лошо, но немојте да претерувате. Една порција сирење просечно содржи 113 калории. Ако сакате сирење, не морате да престанете да го додавате, само намалете ја количината.

Нафора – нафората нема хранливи материи, затоа не постои причина зошто би ги додавале во салата, која сте ја приготвиле како здрав оброк. Средна порција нафора вообичаено содржи стотина калории. Ако чувствувате дека нешто „недостига“ во салатата, подобро додадете ленено семе.

 

Извор:  zenskikutak.hr