Влијанието на музиката врз нашиот живот: Со омилениот ритам ослободете се од стресот – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 9:12 PM

Влијанието на музиката врз нашиот живот: Со омилениот ритам ослободете се од стресот

Човештвото отсекогаш било опседнато со желбата за вечна младост. Тоа дошло до толкава мера што научниците почнале да истражуваат дали постои можност засекогаш да останеме млади. Експертите за ран развој на детето дошле до сознанија дека музиката му помага на мозокот да создаде врски кои се темел за далекусежниот развој на детето.

Колку и да се чини невозможно, на некој начин сепак можете да се вратите во младоста. Голем број истражуваа и студии дале интересни резултати. Докажано е дека музиката е клуч за откривање на вистинскиот извор на младоста поради неверојатното влијание врз човекот.

Помага кај депресијата – луѓето кои се депресивни стареат многу побрзо од оние кои немале проблем со депресијата. Докажано е дека музиката е еден од најјаките антидепресиви кои постојат на светот. Терапевтите истакнуваат дека музиката придонесува за ослободување позитивна енергија, што може да се насочи  кон поголема креативност и продуктивност.

Го подобрува имунитет – слушањето на музичкиот ритам помалку од еден час дневно е доволно за да може нашиот имунитет да се одбрани успешно од хормоните што предизвикуваат стрес, односно на овој начин се создааваат антитела во нашиот организам. Истражувачите што имаат спроведено студии на оваа тема, го тестирале влијанието на живата музика врз човековиот организам и докажале дека личниот избор има многу јако влијание врз тоа каков одговор ќе даде на музиката, телото на поединецот. Ако сакате да се чувствувате добро и здраво, се што треба да направите е да ја пуштите вашата омилена песна и да уживате во мелодијата.

Музиката може да ви помогне одвнатре да се чувствувате млади и храбро да ги броите годините без страв. За да се опуштите на крајот на работниот ден, приуштете си триесетминутно уживање со музика и ќе можете полесно да потонете во мирен сон.

 

Извор:  zenskikutak.hr