Германската канцеларка Ангела Меркел денес се состана со премиерите на сојузните држави заради договор за нови мерки во борбата против Ковид-19.
„Билд“ екслузивно дознава дека премиерите на сојузните држави се согласиле со Меркел Германија да оди во карантин од понеделник, 2 ноември. Биле договорени и новите мерки без попрецизни информации во врска со нив. Наводно, Меркел била „затворањето“ да трае до крајот на ноември, а и министерот за финансии изјави дека „локдаунот“ би требало да трае четири седмици.
Утре во Бундестатгот Меркел ќе информира за вкупната состојба со коронавирусот во Германија.
Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 14.964 новозаразени, најмногу од почетокот на епидемијата, а починале 27 луѓе. Од почетокот на епидемијата, со Ковид-19 вкупно се заразени 464.240 луѓе, а починале 10.125.


