До 25 тестирања на ковид-19 се прават на дневна основа во Центарот за јавно здравје Куманово, информираше денеска др. Јадранка Стаменковска која на седницата на Советот одговараше на прашањата на советниците поврзани со пандемијата.
Како што истакна Стаменковска, Центарот за јавно здравје Куманово има пункт каде се врши земање брисеви и располага со екипи кои теренски вршат земање на брисеви по епидемиолошки индикации.
– Центарот за јавно здравје врши земање брисеви на граѓаните, но само преку претходно закажан мој термин од страна на матичните лекари. Тие закажуваат врз основа на алгоритмот, односно симптомите кои ги имаат пациентите. Тој број се движеше до вчера околу 25 лица дневно, денеска имаме зголемен број на тестови на 33, изјави др. Стаменковска.
Бројот на тестови, вели др. Стаменковска, не зависи од можностите на ЦЈЗ да тестира, туку е направена проценка на Министерството за здравство колку тестови треба дневно да се направат. Сепак за да се дојде до тестирање, се чека по четири до пет дена.
Според неа, ковид позитивните кумановци ги кријат своите контакти, со цел да избегнат самоизолација, а тоа го покажува и самата статистика.
– Потенцирам дека се помал број контакти се јавуваат, ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имамве од 10 до 15 лица котантки, сега се помалку и од самите установи и инстиуции и самите лица од семејството не покажуваат, така да на едно позитивно лице имаме по 2-3 контакти, вели епидемилогот.
Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи и скромен тим во Центарот за јавно здравје, рече градоначалникот Максим Димитриевски, кој упати признание за пожртвуваноста на епидемиолошката служба за справување со состојбата во градот.
Овој скромен тим, како што рече Димитриевски, не ги опслужува само граѓаните на Куманово, туку и Липково и Старо Нагоричане, а понекогаш и помалите околни општини.
– Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолзи и скромен тим во оваа институција која ви минатото сите ја занемарувавме, и кога доаѓаа точките на совет проминуваат така, но сега сфатиме што значи сериозна епидемиолошка служба и систем за превенција од заразни болести, се покажаа како квалитетни луѓе внатре и со сериозно изграден систем со оглед на ресурсите, но пресудно беше човечкиот фактор и знаењето, два епидмеиолози за Куманово Липково и помалите општини во реигонот во сосотјба на епидемија, рече Димитриевски.
Инаку, Советот на Општина Куманово донесе предлог заклучок сите тестови направени во државни или приватни клиники, а кои произлегуваат според алгоритамот за заболени од Ковид-19, да бидат на товарот на Фондот за здравствено осигурување, со цел граѓаните да не бидат изложени на енорнмо скапите тестирања во приватни клиники.
Никола Ивановски