МОН го повлече учебникот по Mакедонски јазик за петто одделение со совети „како да не ја заколеш жена ти“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 3:51 PM

МОН го повлече учебникот по Mакедонски јазик за петто одделение со совети „како да не ја заколеш жена ти“

Министерството за образование и наука информира дека го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

– Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма, соопшти МОН, додавајќи дека продолжува со силни реформски процеси во образованието и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.

МОН информира дека е во тек подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Спорната содржина сабајлево ја објави порталот „А1 Он“, а се работи за текстот „Три совети“.