Уапсен капетанот на товарниот брод кој при судар потопи грчки миниловец – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 3:35 PM

Уапсен капетанот на товарниот брод кој при судар потопи грчки миниловец

Грчките власти го уапсија капетанот на товарниот брод, кој пловел под португалско знаме, под сомнение дека од невнимание го предизикал сударот со воениот брод на грчката морнарица, кој е уништен, пишува „Та неа“, а пренесува РТС.

Миноловецот „Калисто“, направен од фиберглас, при сударот во близина на пристаниптето Пиреа се распаднал на два дела, а во него се повредени и двајца членови на посадата.

Припадници на крајбрежната стража спречиле воениот брод на потоне, но потоа претстваници на грчката Воена морнарица соопштија дека е невозможно „Калисто“ да се поправи.