Кои се мерките што ЕК ги предлага за сузбивање на короновирусот – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 3:40 PM

Кои се мерките што ЕК ги предлага за сузбивање на короновирусот

Европската комисија денеска предложи низ мерки за успорување на ширењето на короновирусот, кои  вклучуваат масовно и брзо тестирање, подготовка на кампања за вакцинирање, ефективни и оперативни апликации за следење на контактите.

„Состојбата е многу сериозна.Мораме да ги интензивираме на нивно на ЕУ“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лејн.

„Оваа година ќе имаме поинаков Божиќ“ истакнала вон дер Лејн, додавајќи дека многу работи ќе зависат од тоа што ќе се преземе во следните неколку недели.

Комисијата бара од земјите членки да направат дополнителни чекори и да дејствуваат координирано во време кога Европа повторно станува жариште на пандемијата.

„ Ги повикувам државите членки за поблиска соработка. Храбрите чекори кои што сега се презимаат ќе спасат човечки животи. Ниедна земја членка нема да излезе од пандемијата додека не го направат тоа,“ изјавила претседателката на Комисијата Урсула вон дер Лејн.

Шефицата  на Комисијата исто така рече дека испораката на вакцини во земјите на Унијата може да започне во април.

„Испораките на големи количини треба да започнат во април“, рече таа, додавајќи дека во најдобар случај, производителите можат да ја снабдуваат ЕУ со, до 50 милиони вакцини месечно.