Само едно лице е во изолација поради контакт со Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 2:43 PM

Само едно лице е во изолација поради контакт со Спасовски

Досега само едно лице добило решение за изолација бидејќи било во контакт со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Издадено е едно решение по основ на контакти по пристигната епидемиолошка анкета спроведена за лицата кои биле во контакт. Оценето е дека само за едно лице постои ризок од среден односно висок ризик за загрозеност, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирена Сотирова Бухова.

Министерот Спасовски на својот фејсбук профил во понеделникот соопшти дека е позитивен на коронавирус и покрај како што наведе, строгото почитување на мерките. Под објавата за ковид, претходно истиот ден Спасовски има објавено дека бил на акција за садење дрва во близина на езерото Младост, настан на кој меѓудругото присуствувал и премиерот Заев. Викендот Спасовски учествуваше и на дигиталниот конгрес на СДСМ, но од партијата велат дека таму биле испочитувани сите здравствени протоколи.

Денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски истакна дека се уште не се знае кој ќе добие решение за изолација, но дека епидемиолошката анкета е во тек.