Откако вчера не се договорија со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пожарникарите денеска излегоа на мирен протест пред неговата канцеларија. Му порачаа на Шилегов дека не се откажуваат од барањето да им се исплати надоместокот на плата за опасност при работа.
– Иако во текот на вчерашниот ден поднесовме архивирано барање дека сакаме одговор од негова страна дека не е во состојба да ни го реши прашањето околу нивелирањето на платата. Од негова страна немаме одговор, ниту вчера ниту денеска. Ние одлучивме дека нема ефект понатамошното чекање овде, ќе почекаме уште некое време, потоа ќе преземеме други мерки, изјави Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.
Тој порача дека ќе бараат одговор од повисоки институции. Потенцираше дека не бараат поголема плата, туку бараат само пресметката на плата да им биде по судските пресуди.
– Ако сега земаме 80 отсто харикирам, би требало уште тие 20 отсто кои се наши да ни ги вратат во платата. Тоа го бараме и истото би го барале и пред Влада, да се промени законот ако е тоа проблемот, за да си ја земаме платата во целост, вели Исаевски.
По вчерашната средба со градоначалникот Шилегов, тој им порача дека нема законски основ за нивните барања, но дека ќе се направат измени во Законот за пожарникарство во јуни 2021 година. За пожарникарите опцијата не беше прифатлива.
На социјалните мрежи се појавија мноштво реакции по изјавата на Шилегов дека доколку си отидат пожарникарите, ќе распише оглас и ќе примат нови.
Колку само ниско е подмолно да се однесуваш кон луѓето кои влагаат во оган да спасат живот.Не заслужиле пожарникарите ваков мизерен третман. Шилегов срамота!
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) October 27, 2020
Шилегов пријателе, ТИ не им даваш плата на Пожарникарите. Плата на нив, а и на тебе ти даваме ние, граѓаните.
Наместо ние да те строиме да даеш отчет, ти се ставаш у позиција на шериф и се понашаш као кочијаш. Срамно за особа шо се смета за Татко, а се однесуе ко очув на градот.
— Бапчо (@TheFitzzz) October 27, 2020
Без пожарникари не можеме, без Шилегов едвај чекаме…
— Бомбица (@Bombica12) October 28, 2020


