Јанчев повика на протест за рушење на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци контра Јанчев – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 10:44 AM

Јанчев повика на протест за рушење на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци контра Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој во последно време јавно ги  кажа своите амбиции за лидер на ВМРО-ДПМНЕ синоќа преку фејсбук статус повика на протест против лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој синоќа повика на мирен протест во понеделник од 19 часот пред седиштето на партијата во Скопје и нагласува дека протестот имал за цел повикување за оставка на Мицковски.

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци утринава се огради од повикот за протест.

„ Наместо полноќни статуси на Јанчев сметаме дека местото за протест е онаму каде седи причината за сите проблеми на граѓаните, а тоа е Владата на Зоран Заев. Оттука ВМРО-ДПМНЕ како партија која се бори против политиките на Зоран Заев кои нанесуваат штета на државата очекува свој придонес во падот на оваа власт да даде и Митко Јанчев. За сите негови останати размисли ВМРО ДПМНЕ е демократска партија со легитимно избрано раководство и постојат начини и процедури тоа да биде дискутирано“ – стои во обраќањето на фејсбук страната на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Јанчев беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,  но поради своите јавно искажани станови,  беше разрешен од таа функција во партијата. Тој по поразот на неговата матична партија, на парламентарните избори годинава,  меѓу првите повика Мицковски да си поднесе оставка поради, како што рече, континуираниот пораз што го доживува партијата на политичката сцена во земјава.

Ангел Данов