Фотографија на денот: Тикви со корона-мотиви – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 9:35 AM

Фотографија на денот: Тикви со корона-мотиви

Есен во време на корона, со тикви изрезбани со мотиви кои се карактеристични за пандемијата.

Во Ботаничката градина во Чикаго до празникот Хеловин, ќе бидат изложени повеќе од илјада рачно изрезбани тикви. Тиквите се омилени и во Германија, и тоа не само во периодот пред и по Хеловин. Според најновите статистички податоци, во Германија минатата година тикви биле насадени на 4200 хектари површина (околу 6000 фудбалски игралишта), што е двојно повеќе од времето пред 10 години. Двојно поголемо е и количеството на собрани тикви – од 48.000 тони пред една деценија на 86.000 тони минатата година.