Холандски политичар: Франција е тест-регион за антимуслиманските политички планови на Европа – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 8:38 AM

Холандски политичар: Франција е тест-регион за антимуслиманските политички планови на Европа

Политичарот Арнауд ван Дорн, кој ја напушти екстремно десничарската Партија на слободата во Холандија и го избра исламот, реагираше против француската Влада која како цел ги има муслиманите во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дорн, лидерот на Партијата на единството, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) се осврна на неодамнешното земање како цел на муслиманите од страна на администрацијата на Макрон.

Истакнувајќи дека нападот врз муслиманите во Франција е алармантен и дека тоа не е ново, Дорн рече дека „изговорот за ‘борба против екстремизмот‘ е само повод.”

„Тоа што се прави не е поврзано со ‘екстремизмот‘ туку со исламот. Ова Макрон може да го искористи за избори, но сепак тоа е една европска агенда за создавање ‘модерно‘, ‘либерално‘ и ‘западно‘ исламско сфаќање. Ова сфаќање што се создава има за цел целосно асимилирање на муслиманите и уништување на исламскиот идентитет.“

Лидерот на Партијата на единството истакна дека Франција, Холандија, Данска, Унгарија и Европа се во првите редови за оцрнување на муслиманите.

„Како што реков, ставот на Франција не е исклучок кон ова прашање. Но, на Франција ѝ падна маската за ‘слободата“ и ‘еднаквоста‘ со отпуштање на имамите, со затворањето на џамиите и ставајќи ги исламските училишта под директен надзор на државата. Затоа Франција е тест-регион за антимуслиманските политички планови на Европа. Отворената поддршка на премиерот Руте за антимуслиманските изјави на Макрон го докажува ова. Холандија е рангирана меѓу првите три држави кои се антиисламски.“

Наведувајќи дека има многу сериозни чекори што треба да ги преземат исламските земји, Дорн нагласи: „Продолжете да ги бојкотирате француските производи и немојте да наведнувате глава на францускиот дипломатски притисок. Доколку е потребно, повикајте ги амбасадорите. Овој пат покажете дека муслиманите се сериозни. Доста е.“

Дорн додава дека муслиманите веќе треба да се разбудат.

„Мора да бидеме свесни дека има многу луѓе во нашата заедница кои директно или индиректно ѝ служат на владината агенда за пари или статус. Ние мора да се обединиме и да основаме колективи кои работат во области како што се правото, медиумите, политиката и образованието за да се бориме против поткопувањето на правата на муслиманите и да го заштитиме исламскиот идентитет.“

Во Франција во последните денови се интензивирани притисоците и рациите врз муслиманските невладини организации и здруженија.

Потсетуваме, во квартот Конфланс-Сен-Онорин во близина на Париз на 16 октомври на наставникот по француски јазик, Самуел Пети, му беше отсечена главата. На наставникот пред неговото училиште главата му ја отсече осумнаесетгодишник, кој подоцна беше убиен од полицијата. Наставникот неодамна на учениците на час им покажувал карикатури на божјиот пратеник Мухамед, на што реагирале родителите.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, на 19 октомври рече дека ќе бидат затворени многу исламски здруженија и невладини организации, меѓу кои и францускиот Колектив за борба против исламофобијата и здружението „Баракасити“, како и една џамија.

Претседателот Макрон, исто така, порача дека во земјата нема да се престане со објавувањето карикатури на божјиот пратеник Мухамед.