Јавна дискусија за медиумска писменост и критичко мислење – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 7:33 AM

Јавна дискусија за медиумска писменост и критичко мислење

Во рамки на Деновите на медиумска писменост и проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк” денеска ќе биде организирана јавна панел дискусија на која ќе се анализираат резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како и искуствата од терен за едукација во оваа област.

Во рамки на настанот прв пат ќе бидат претставени резултатите на истражувањето спроведено во рамки на „КриТинк” за односот на новинарите кон медиумската писменост.

-Панелот ќе овозможи компаративна дискусија врз основа на сознанијата од истражувањата спроведени за АААВМУ од страна на РЕСИС за користењето на медиумите и родовите аспекти во програмите, како и студиите на МИМ и ЦИВИЛ за говорот на омраза и другите форми на злоупотреби на медиумскиот простор, велат организаторите.

Проектот го спроведуваат „Метаморфозис” и „Евротинк” со поддршка на Европската Унија.