Излечете го умот со минимализам: Зошто овој стил на уредување е добар за психата? – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 8:45 PM

Излечете го умот со минимализам: Зошто овој стил на уредување е добар за психата?

Просторот во кој живееме генерално ја отсликува и состојбата на нашиот ум. Денес луѓето се почесто се одлучуваат за минималистички стил на живот, бидејќи средувајќи го хаосот во домот, всушност и своите мисли ги доведуваме во ред.

Следете ги овие пет чекори за да можете и вие да го средите домот, па со тоа и својот ум:

Направете листа на работи, секоја од нив ставете ја во одредена група како облека, документи, спомени и слично. Идентификувајте ги групите и работите.

Пречкртајте ги сите непотребни работи во секоја група.

Спакувајте ги сите пречкртани работи

Размислете и одлучете дали ќе ги користите работите кои останале на списокот и дали реално ви се потребни. Она што дополнително ќе го пречкртате исто така, спакувајте го.

Одлучете што ќе правите со спакуваните работи – дали ќе ги ставите на посебно место, продадете ги или подарете ги некому кому му се потребни.

Ако немате мотивација еднаш засекогаш да „раскинете“ со работите кои во суштина не ви се потребни, прочитајте и кои се петте најголеми предности на минималистичкиот стил:

Поголем комфор, поголема заштеда на пари

На овој начин ќе почнете да го купувате само она што ви треба, наместо да трошите пари на натрупани работи само затоа што се убави, а при тоа го намалуваат домашниот буџет, но и животниот простор.

Зголемена продуктивност

Минимализмот ќе ви помогне да заштедите време и енергија, односно нема да губите време барајќи работи низ дома.

Ќе бидете посреќни

Вашето внимание веќе нема да го одвлекуваат непотребни работи, па автоматски ќе станете посреќни.

Побрзо и полесно ќе може да исчистите

Со помалку пари, чистењето е поретко потребно и трае пократко

Ќе почувствувате слобода

Кога веќе нема да мора секојдневно да гледате во работите од минатото, веќе нема да се враќате во минатото и конечно ќе бидете слободни.

 

Извор:  stil.kurir.rs