Анксиозноста и неизвесноста како резултат на пандемијата со коронавирусот кај многумина доведоа до нарушувања на спиењето.
„Луѓето се обидуваат да најдат нов животен ритам, а тоа понекогаш влијае и на сонот“, изјави за Инсајдер Мајкл Гранднер, раководител на истражување за спиење и здравје на Универзитетот во Аризона.
Некои луѓе поради стресот остануваат буни подолго, некои сонуваат сонови поврзани со ковид-19. Експертите за спиење открија дека влијанието на пандемијата врз сонот е многу различно.
Можеби станувате подоцна, а со тоа подоцна и одите на спиење
Во текот на пандемијата многу луѓе забележаа дека подоцна легнуваат в кревет, па поради тоа и подоцна стануваат – вели Хулио Фернандер Мендзоса од Универзитетот Penn State.
Тоа би можело да биде поврзано со фактот дека многумина работат од дома, па подолго спијат бидејќи не мораат, како вообичаено, да патуваат кон работа. Професорката по неврологија, Кети Голдстејн вели дека некои луѓе поради тоа се опоравиле од хроничниот недостиг на сон, па сега се чувствуваат многу подобро. Едно истражување пак, спроведено во текот на март во Италија покажало дека и студентите и вработените станувале околу 1 час и 15 минути подоцна отколку пред пандемијата.
Поминувајќи повеќе време во кревет можеби го саботирате својот сон
Испитаниците во италијанската студија укажале и на лош квалитет на сонот, поврзувајќи го ова со стресот и депресијата.
„Ако станувате предоцна или во кревет поминувате многу повеќе врме за разлика од порано, веројатно вашето тело нема да биде подготвено за спиење кога ќе треба. Поголемиот број часови поминати во кревет значи и помала изложеност на сончева светлина, како и помалку телесни активности, што е од витално значење за добар сон“, додава Грандер.
Високото ниво на стрес води кон ковид симптоми
Студија спроведена на Кина на почетокот на пандемијата открила дека луѓето го сметале коронавирусот за голема закана, па поради тоа почнале да патат од несоница. Во САД пак, околу 68 проценти од испитаниците пријавиле проблем со спиењето во текот на карантинот.
Многумина ноќе не можат да се ослободат од мислите што ги мачат во текот на денот, па им е потешко да заспијат потоа – изјави Грандер.
Ако не можете да заспиете 30 минути откако сте легнале, станете и причекајте да ви се приспие, така што нема да мора креветот да го поврзувате со состојбата на будност.
„Зборуваме за лоши сонови, но и тие може да имаат добар ефект. Спиењето може да поттикне процес на учење, а сите мораме да се навикнеме на новите начини на социјално однесување“, заклучува една финска студија.
Извор: rs.n1info.com