По министерот Оливер Спасовски, позитивен тест на коронавиусот, доби и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. За ова таа ја информираше јавноста вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук, посочувајќи дека нема симптоми и добро се чувствува.
„Стестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето“, истакнува таа.
Чувајте се – порачува Кузевска.