Лекарите во Шпанија штрајкуваа барајќи квалитетно здравје – пренесува Анадолија. Шпанија е една од земјите кои во моментот се најпогодени од пандемијата со коронавирусот, каде лекарите одржаа еднодневен штрајк по повикот од Конфедерацијата на лекарски синдикати. Штрајкот доведе до тоа да бидат откажани и операции кои не биле итни. Конфедерацијата објави дека учеството на штрајкот било 85 проценти.
Поради штрајкот, лекарите организираа собири во повеќе шпански градови, а во Мадрид се одржа и протест пред зградата на Парламентот, каде лекарите порачаа дека се против условите за работа кои се влошени поради пандемијата и владините мерки. Синдикалците објаснија дека главната причина за штрајкот е одлукат што ја донесе Владата, а со која на лекарите им се овозможува работи во други здравствени области без оглед на нивната специјализација. Под мотото „квалитетно здравје“ тие побараа да се подобрат нивните услови за работа, но и секој да работи само во областа за која специјализирал.
Потпретседателот на Здружението на лекари и здравствени работници во Мадрид, Даниел Бернабеу изјави дека невложувањето во здравјето и долготрајната работа под лоши услови станало уште посериозно со актуелниот вирус.
„Ковид-19 покажа дека нашата здравствена инфраструктура не е доволна против кризата. Не можевме да се грижиме за другите пациенти поради ковид-19. Нашето мислење е дека ова е сериозен проблем и посебно неподнослив за граѓаните“, изјави Бернабеу.
Докторката Бегона Дијас изјави дека проблемите кои долго се акумулирале поради здравствениот прекин и лошото управување достигнале неподнослива димензија со ковид-19.
„Велиме дека е доста“, порача докторката.
Лекарите најавија дека ќе продолжат да штрајкуваат секој последен вторник во месецот, се’ додека нивните барања не бидат земени предвид и додека не седнат на преговарачка маса со Владата.
Според порталот worldometers.info, Шпанија е шеста земја на светско ниво по број на заболени со повеќе од 1.1 милион случаи.
Фото: AFP
Извор: bizlife.rs


