Гонзало Игуаин е среќен што после 15 години заедно со брат му ќе заигра фудбал – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 8:26 PM

Гонзало Игуаин е среќен што после 15 години заедно со брат му ќе заигра фудбал

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Јувентус и Милан, Гонзало Игуаин, после долги години на „стариот континент“ летово реши да ја промени средината и да се пресели во Флорида, Мајами, придружувајќи му се на Дејвид Бекам и неговиот амбициозен проект во името на МЛС клубот, Интер Мајами.

Игуаин во 2007 ја напушти Аргентина и од редовите на Ривер Плејт потпиша за „кралскиот клуб“. После приближно 15 години надвор од Америка, аргентинскиот напаѓач стави потпис на договор со Интер Мајами и се врати на „американско тло“.

Неговиот брат, Федерико Игуаин, веќе осма година по ред е етаблиран фудбалер во МЛС лигата, а на 10 октомври годинава од ДС Јунајтед се пресели во Интер Мајами и официјално стана негов соиграч. Трансферот на Федерико го израдува неговиот далеку попознат брат, за кого ова претставува совршена прилика да се надополни загубеното време и отсуство во изминатите 15 години.

-Поради тоа што толку години бевме оддалечени еден од друг, пропуштивме многу работи. Ние всушност загубивме 15 заеднички години и сега ќе се обидеме да го надополниме сето тоа, изјави Гонзало.