Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, позитивен е на тестот за коронавирус.
Инфантино почувствувал млаки симптоми и веднаш се повлекол во самоизолација, каде што ќе остане најмалку 10 дена.
Швајцарецот со италијанско потекло е последниот во низата фудбалски имиња кои се заразени со Ковид-19.