Владата на денешната 16. седница ја именуваше Сања Лукаревска за нов директор на УЈП.
– Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи, информираше владината прес служба.
Лукаревска ја напушти директорската функција откако и беше верификуван мандатот за пратеник во август, по парламентарните избори. На нејзино место беше назначен тогашниот помошник-директор на Управата Омери.