ФОТО: Убави вести за Ангеловски, Елмас се врати на тренинзите – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 4:04 PM

ФОТО: Убави вести за Ангеловски, Елмас се врати на тренинзите

Откако од италијански Наполи официјално ја потврдија веста дека на последното тестирање Елиф Елмас, негативен е на Ковид-19, македонскиот фудбалски репрезентативец се врати на тренинзите.

Според очекувањата, Елиф Елмас уште следниот викенд би можел од клупа да добие минути кај Џенаро Гатузо, а за финалето од баражот од Лигата на Нациите против селекцијата на Грузија, би требало играчот од средината на теренот да биде подготвен за најважните 90 минути во историјата на македонската репрезентација.