Корона концерт: се журкале во балони – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 3:58 PM

Корона концерт: се журкале во балони

За жал пандемијата стави крај на повеќето јавни собири. Многу од организаторите на овие случувања сепак решија да најдат начин за да продолжат да ги организираат настаните кои редовно се случуваа пред пандемијата.

Во стил на почитувањто на мерките за заштита од корона вирусот, во Оклахома минатата недела се одржа доста уникатен концерт. Групата The Flaming Lips одржа концерт на кој буквално сите присутни беа затворени во големи балони, од членовите на бендот до публиката. Дури и инструментите на бендот целосно беа сместени во балоните.

Идејата прва се родила на хартија, еден од членовите на бендот на шега направил скица со концерт на кој сите ќе бидат сместени во балони, но не ни можел да предвиде дека за кратко време скицата ќе стане реалност и бендот навистина ќе одржи таков концерт.

Замислата на концертот е дека на овој начин ќе се испочитува препораката за одржување на социјална дистанца од останатите, но во исто време ја покажува и жалната реалност во која се наоѓаме.

Многу луѓе реагираа на овој вид на концерт, велат дека подобро не би ни отишле на концерт отколку да присуствуваат на журка без никаков човечки контакт.

Останува да бидеме совесни и да се надеваме дека  ова нема да биде иднината на јавните собири.

Фото: NBC

Видео: https://www.instagram.com/waynecoyne5/

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wayne Coyne (@waynecoyne5) on