Минатата недела на тетовското подрачје се заразени за два пати повеќе пациенти во споредба со изминатово лето, земено за истиот период – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 3:22 PM

Минатата недела на тетовското подрачје се заразени за два пати повеќе пациенти во споредба со изминатово лето, земено за истиот период

Минатата недела на тетовското подрачје се заразени за двапати повеќе пациенти во споредба со изминатово лето, земено за истиот период Најголемиот проблем според Центарот за јавно здравје Тетово, се криење на контакти и непочитување на здравствени препораки.

 

Епидемиологот д-р  Сузана Субашиќ, вели дека се кријат пред се контакти од фамилијарни кластери. Оттаму велат дека во последно време има доста пациенти кои заболуваат на возраст од 30 до 39 години.

Од Кризниот штаб Тетово, велат дека бројките растат, состојбата е сериозна, но не треба да креваме паника, затоа што болничките капацитети за овој регион, ги задоволуваат потребите на пациентите.

Досега на тетовскот подрачје, се тестирани над 8000 пациенти од кои 2000 биле позитивни. Голем дел од пациентите кои се сè уште активни , а ги има над 400 имаат полесни симптоми.