Изолацијата на Јанакиески го одложи утрешното рочиште за „ТНТ“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 2:49 PM

Изолацијата на Јанакиески го одложи утрешното рочиште за „ТНТ“

Главната расправа за предметот „ТНТ” закажана за утре, се одлага за 4 ноември поради издадено решение за домашна изолација на еден од обвинетите во овој случај, информира денеска Основниот кривичен суд – Скопје.

– До Судот е доставено известување од обвинетиот М.Ј., според кое, истиот со решение на здравствените власти е задолжен со домашна изолација заради контакт со заразен од вирусот КОВИД-19, се наведува во сопштението.

Поради ова, Судот ја одлага утрешната расправа за предметот „ТНТ” и следното продолжение го закажува 4 ноември во 10:00 часот.

Случајот „ТНТ” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

 

МИА