Една од водечките експериментални вакцини против Ковид-19 предизвикува имунолошки одговор и кај постарите и кај помладите возрасни групи, што носи надеж среде вториот бран на пандемијата на коронавирусот, пренесува Гардијан.
Британската фармацевтска компанија во понеделникот соопшти дека вакцината што ја развиваат во соработка со Универзитетот во Оксфорд предизвикува помалку штетни реакции кај постарите лица.
Вакцината се смета за пресвртница во борбата против корона вирусот, од кој починаа над 1,15 милиони луѓе ширум светот и го смени нормалниот тек на животот за милијарди луѓе.
„Охрабрувачки е да се види дека одговорите за имуногеност се слични меѓу постарите и помладите возрасни и дека реактогеноста е помала кај постарите возрасни лица, каде што тежината на болеста Ковид-19 е поголема“, рече портпарол на АстраЗенека, додавајќи дека резултатите од тестот дополнително ги надградуваат доказите за имуногеност.
AstraZeneca не дала детали за податоците што стојат зад изјавата, ниту пак соопшти кога ќе ги објави податоците од третата фаза на испитувањето, што ќе покаже дали вакцината работи доволно добро за да биде одобрена.
Вакцината се очекува да биде една од првите од големата фармацевтска компанија што ќе добие регулаторно одобрување, заедно со вакцините од Pfizer и BioNTech, пишува Гардијан.
Преземено од: http://ba.n1info.com/


