Законски измени за борба против корупцијата според искуствата на земјите од ЕУ, најавува Ристовски – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/18 10:55 AM

Законски измени за борба против корупцијата според искуствата на земјите од ЕУ, најавува Ристовски

Министерството за правда има мала улога во изготвувањето на новото законско решение за борба против корупцијата, иако токму овој ресор ја формираше работната група која веќе работи на измените на  законот. За ова денеска информираше заменик министерот за правда, Оливер Ристовски кој се надева дека до крајот на овој месец ќе биде готова драфт верзијата од законот.

„Законот го работат експерти и граѓански организации кои се занимаваат со коруцпијата, за да ни го кажат моделот по кој треба да фомира новата антикорупциска комисија. Ги согледавме искуствата на околните држави, но и на државите кои се членки на ЕУ“, изјави денеска Ристовски . Тој апелираше до сите граѓани кои можат да укажат на корупција тоа да го сторат без да се грижат за својот интегритет.

Ваква слична порака вчера испрати и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Никола Бертолини според кој треба да  се зајакне улогата на граѓанскиот сектор, да се применува заштитата на „укажувачите кои би пријавиле корупција, да се воспостави нов ефикасен модел на Антикорупциска комисија со силни овластувања, но и со финаниски и човечки ресурси за справување со проблемот.

МЦМС пак, излезе со податок дека на 36 проценти од граѓаните им било побарано некоја форма на мито или корупција, а 31 отсто дале.