Се гради најдолгиот подводен тунел: Од Германија во Данска за седум минути – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 12:18 PM

Се гради најдолгиот подводен тунел: Од Германија во Данска за седум минути

По повеќе од една децнија планирање, почна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот. Фемарнбелстскиот тунел ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе се спушта и до 40 метри под Балтичкото Море, а неговата изградба треба да заврши во 2029 година, пишува ББС.

Тунелот ќе биде долг 18 километри и ќе чини повеќе од седум милијарди евра. Ќе поминуа преку Фехрмарновиот појас, теснецот помеѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд, а е замислен како алтернатива на сегашната траектна линија од Родби и Путгарден, која секоја година превезува милиони патници. На траекотот му требаат 45 минути, а по изградбата на тунелот со воз ќе бидат потребни само седум, а со автомобил десет минути. За толку ќе се стигнува од едната во другата земја.

Тунелот воедно ќе биде и најдолгиот комбиниран автомобилски и железнички тунел во светот.