Најмалку седум загинати и 70 повредени во експлозија во медреса во Пакистан – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 10:55 AM

Најмалку седум загинати и 70 повредени во експлозија во медреса во Пакистан

Денеска во експлозија во медреса во Пакистан загинале најмалку седум луѓе, а седумдесетина се повредени. Агенциите пренесуваат дека експлозијата се случила за време на настава во медреса на подрачјето на Пешавар, а меѓу загинатите и повредените има и повеќемина уленици.

Од полицијата првично соопштија дека биле уотребени пет килограми рачно изработен експлозив.

Се’ уште никој не презеде одговорност за нападот.