Косово размислува за повторно затварање на границите – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 10:34 AM

Косово размислува за повторно затварање на границите

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај изјави дека надлежните власти во земјата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран, вклучително и враќањето на рестриктивните мерки кои беа на сила на почетокот на пандемијата.

Во интервју за порталот „Арбреш.инфо“ тој вели дека една од мерките може да биде и затварање на границите и ограничување на движењето во најпогодените места. Последна опција според него е целосно затварање на земјата.

Земај потенцира дека државата не заслужува да се врати каде што била пред шест месеци само поради несовесното однесување на одредено малцинство. Истакна дека ќе има ригорозно спроведување на мерките од страна на полицијата и надлежните инспекторати.

Косово од почетокот на епидемијата има 18.148 заразени, оздравеле 15.150 лица, а починале 666.