Да плачеш па да не можеш да престанеш од плачење- Пејачката Маријана конечно си ја виде внуката Ева – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 10:07 AM

Да плачеш па да не можеш да престанеш од плачење- Пејачката Маријана конечно си ја виде внуката Ева

Баба сум веќе шест месеци ама внучето си го немав видено  три и пол месеци, вели низ солзи Маријана Новачевска или едната половина од дуто „Маријана и Росана“, која живее во Мелбурн, Австралија и која поради мерките за заштита од корона во државата Викторија,  110 дена  беше во карантин. Вчера конечно се олабавија мерките и првата гостинка на баба Маријана беше малата Ева. Маријана си вети дека кога ќе престане карантинот и забраните прво што ќе направи – ќе ги викне на ручек синот Филип и снаата Анастасија со внуката за да може да ја гушка и бакнува за сите овие месеци што и било скратено задоволството.

-Внука ми Ева се роди на Велигден. Тогаш беа забраниети посети и само малку ја видов.  Со карантинов уште асално се немам запознаено со внука ми што е за плачење.Скришум ја видов во автомобилот на пет минутки, и ги бакнував ноџињата а детето почна да плаче, бидејки не ме познава. Последен пат ја видов пред три и пол месеци месеци. Е тоа е беше мојата радост, за жал. Јас и немам слики со неа. До сега како и секоја баба требаше албуми и албуми да направам а јас едвај една, кога беше два месеци, а сега е веќе шест. Во неделата беа кај мене на гости, нели се олабавија мерките. Ева беше целата збунета. Не го знае домот на баба. Но, беше весела, сите ја гушкавме. А јас? Јас, јас, пак, имам алергија, од носење маска и не можев да ја изнагушкам како треба. Ја држев во раце. Убавини, вели Маријана.

 

Да живееш во ист град со внучето а да не можеш да го видиш со месеци е навистина тажно. Единствената комуникација, како што вели Маријана до вчера им била преку вибер, преку камера, како божем ги делат континенти.

-Каков живот дојде, да плачеш па да не можеш да престанеш од плачење. Кај мене се е измешано. И радост и тага. Баба станав а не можам внучето да си го в идам. Моите спомени со Ева до сега беа преку вибер и јас за неа можев да раскажувам само како се гледавме на камера. Ева е весело девојче, насмеана и многу подвижна, не сака воопшто да мирува и во моментов ги испитува тајните на овошните кашички. Морам да признам дека овој период од раѓањето на Ева до сега за сите нас беше многу тежок. Рестрикциите многу ги почувствувавме на своја кожа. Јас навистина броев денови, саати кога конечно ќе можам да си ја гушнам внуката, да гугаме заедно , да ја споделиме насмевката, вели Маријана и додава:

-Знам дека Ева беше  во сигурни раце на мама Анастасија, која е многу грижлива и посветена, полна со љубов и внимание, а се разбира и тато Филип кој несебично подарува љубов, време и поддршка. Се гордеам со двајцата кои издржаа сами со Ева , без помош од сите нас, но со преголема љубов и одговорност кон семејството, вели таа.

Маријана вели дека титулата баба ја сменила за нане и тоа  уште на времето кога нејзината мајка станала баба.

-Јас титулата баба ја сменив за нане. Некако со молење ја присвоив истата титула од мајка ми,  која цел живот за нејзините внуци, за нашите деца  беше и се уште е нане Гоца. Мајка ми за прв пат стана  баба или нане на само 43 години, кога се роди мојот син Филип. Јас тогаш имав 23 години. Јас станав баба, односно  нане на 55 години што значи дека воопшто не сум стара. Освен што се ме боли. Хахаха. И јас и Росана сме благословени со внучиња кои навистина се наше богатство, нашите Ноах и Ева. Јас веќе знам и  чувствувам што е тоа старост, брчките не ги пеглам, косата само ја бојадисувам,  штикли веќе не носам, а речиси и да не се шминкам. Да не ме мачи  артритисот, јас во во душа се чувствувам како девојче во пубертет, а секоја брчка и линија на лицето е убавината на животот , додава нане Маријана