Сончево со мала до умерена облачност, со појава на утринска магла по одделни котлини и со максималната температура до 24 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утре, особено во јужните делови, а в петок и в сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. В петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.



