Време: Сончево со максимални 24 степени – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 7:12 AM

Време: Сончево со максимални 24 степени

Сончево со мала до умерена облачност, со појава на утринска магла по одделни котлини и со максималната температура до 24 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утре, особено во јужните делови, а в петок и в сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. В петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.