Луѓето честопати чувствуваат подуеност, која особено може да биде иритирачка за жените. Лошите навики за хранење и прејаденост се генерално причините кои водат до оваа појава што создава гасови, односно придонесува за задржување течности во телото. За да се изборите со чувството на подуеност, може да ви помогнат неколку намирници, а како изгледа листата што тие ја сочинуваат прочитајте во продолжение:
Авокадо
За да ја елиминирате подуеноста доволно ви е половина авокадо. Може да го искористите на тој начин што ќе го додадете во своето смути за појадок, или пак ќе биде дел од вашата салата за ручек.
Лосос
За време на ручекот или вечерата изедете стотина грама лосос, но во комбинација со голема порција салата со зелен лиснат зеленчук.
Шумско овошје
Јадете по една дланка боровинки за ужина. Ова овошје може да го додадете во пудинг со чиа семе.
Лимон
Пијте незасладена лимонада секое утро.
Извор: sensa.hr


