Бројот на заразени со коронавирусот во Шпанија се искачи на 1.098.320, откако изминатиот викенд беа забележани 52.188 нови случаи – покажаа денешните податоци.
Бројот на починати сега е 36.031, бидејќи починаа уште 270 лица – пренесува Ројтерс.
Шпанија повторно прогласи вонредна состојба, вклучувајќи и карантин во вечерните часови кој важи на територијата на целата држава.
Извор: novosti.rs


