Руски здравствен работник снимајќи мноштво замотани тела насекаде во мртовечница ги откри мрачните последици на коронавирусот кој масовно се шири низ Русија.
– Трупови насекаде, трупови, се слуша во видеото додека човекот оди низ ходникот и во просторијата за дисекцирање, а насекаде има замотани црни вреќи. Во еден момент тој додава и дека буквално газат врз труповите и главите на мртвите.
https://www.youtube.com/watch?v=zsqqgPuxZ9M
Видеото е снимено во сибирскиот град Новокузнетск, околу 480 километри од границата со Казахстан, во моментот кога Русија се соочува со вториот бран на коронавирусот.
„Дејли мејл“ пренесува дека локалните власти во Кемерово ја потврдиле автентичноста на видеото. Од локалното Министерство за здравство велат дека поради доцнење во ослободувањето од телата, во мртовечницата во моментот биле сместени околку 50 тела. Од таму потенцирале и дека голем број од роднините на веќе починатите не можеле да дојдат да си ги земат блиските и да ги погребаат, бидејќи имале коронавирус или пак биле во карантин.
Денеска во Русија има 17.347 нови случаи на коронавирус, а починале 219 лица.