Американскиот претседател и првата дама традиционално и годинава за Ноќта на вештерките во Белата куќа примија стотици мали деца маскирани како суперхерои, еднорози, скелети, па дури и мини верзии од нив.
Иако минатите години претседателот и Меланија лично им даваа бонбони и слатки на децата, годинава поради коронавирусот тие стоеа на дистанца додека малечките шетаа.
Сепак тие им мафтаа отстрана и им кажуваа колку многу им се допаѓаат нивните костими.
Претседателот Трамп бил особено воодушевен од костимот на мало момче кое било облечено исто како него, а носело и перика за да ја долови неговата коса. Покрај него секако имало и мини верзија од Меланија. Трамп им кажал да се завртат накај камерите за да можат да се фотографираат заедно.