(Галерија)Човек кој не е „баш најдобар“ уметник црта урнебесни портрети од животни за хуманитарни цели – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/20 3:54 PM

(Галерија)Човек кој не е „баш најдобар“ уметник црта урнебесни портрети од животни за хуманитарни цели

Човек кој не е „баш најдобар“ уметник црта урнебесни портрети од животни за хуманитарни цели

Фил Хеклес не е уметник, но има уметничко име кое го употребува – Херкул Ван Волфуинкл и со ваквото уметничко алтер-его собира пари за хуманитарни цели, цртајќи урнебесно лоши слики.

Пред да го започне проектот никогаш не цртал, но решил да собира пари за „Турнинг Тајдс“, организација која сака да му стави крај на бездомништвото, со цртање на специјализирани портрети од животни за оние кои ќе донираат.

Идејата за вакви цртежи ја добил откако на фејсбук постирал роденденски картички заедно со  неговото шестгодишно дете, а неговите пријатели толку ги засакале неговите чудни цртежи, што почнале да порачуваат да им нацрта.

Досега собрал повеќе од 22 илјади американски долари.

Ние одвоивме неколку од неговите „уметнички дела“, останатите можете да ги погледнете на неговата фејсбук страница.