Голем број припадници на полициската управа прекинале „корона журка“ во Република Српска, каде затекнале 19 лица и им биле одземени одредена количина наркотици.
Интересно е што еден од затекнатите гости, дрогата се обидел да ја скрие во усната празнина, но сепак му била пронајдена, пишуваат српските медиуми.
Се се случило за време на викендот во селото Сијековац кај општина Брод, Република Српска, БиХ.
Потпаролот на ПУ Добој, Драган Керкез изјавил дека рацијата ја извеле полицикси службеници од Секторот за криминалистичка полиција при Полициската управа Добој во соработка со Полициската станица од општина Брод со ангажирање на службеници од Единицата жадермерија ПУ Добој, Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој, Полициската станица Добој 1 и Полициската станица Добој 2, а на основа на наредба на Основниот суд до Дервент.
Според пишувањата на српските медиуми, рацијата е изведена во куќата која ја користел Владимир Бачиќ, кој е воедно и организаторот на журката.
„Во наведениот објект затекнати биле 19 лица. За време на претресот на Драган Маријановиќ полицијата пронашла 2,4 грама кокаин, кој се обидел да го сокрие во неговата усна празнина. При претресот на Данило Џуриќ и возилата кои тои ги користел пронајдено е и одземено вкупно пет пакетчиња со 6,1 грам кокаин“, открил изворот за српските медиуми.
По документирање и комплетирање на предметот Окружното јавно обвинителство Добој против лицето В.Б кој органирал забава на својот приватен имот, ќе му биде издаден извештај за сторени кривични дела „непостапување според здравствените протоколи за време на епидемја“ и „овозможување употреба на опојни дроги“, додека против лицата Д.М и Д.Џ ќе се поведе прекршочна постапка за сторени прекршоци поврзани со дрога.
Преземено од: https://www.blic.rs/


