Со најсилните достапни адути до две воведни победи против Финска и Швајцарија во квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2022 година. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денес го објави поширокиот список за претстојните два дуели против Финска во Скопје на четврти ноември и против Швајцарија на седми ноември на гостински терен.
На списокот се најдоа 35 ракометари, воглавно од македонското ракометно првенство, надополнети со веќе стандардните имиња и лидери на овој ракометен колектив.